Утрински Весник
Свет

Турската полиција уапси 16 луѓе за поврзаност со Исламска држава

Турската полиција уапси 16 луѓе за поврзаност со Исламска држава

Турската полиција денеска уапси 16 лица обвинети за врски со Исламската држава.

Апсењата уследија откако демонстрантите употребија палки и камења против безбедносните сили кои се обидоа да затворат нелиценцирана верска книжарница, соопшти канцеларијата на гувернерот.

Полицијата се обидела да ја затвори продавницата во Бингол на југоистокот на земјата, бидејќи ги поддржувала активностите на Исламска држава во земјата, соопшти Канцеларијата на гувернерот.

„ Нашите полициски екипи интервенираа по нападите со палки и камења врз нашите безбедносни сили“, се вели во соопштението.

Осомничените се уапсени за напад врз полицајци, намерно нанесување повреди и оштетување на јавен имот, се вели во соопштението.

На снимката од акцијата се гледа како десетици луѓе се судираат со полицијата користејќи палки, додека во исто време се слушаат и истрели.

Исламска држава во минатото извршила бројни напади низ Турција, вклучувајќи го и нападот во ноќен клуб во Истанбул на 1 јануари 2017 година, во кој загинаа 39 лица.

Можете да прочитате

Могерини поднесе оставка  – 24info.mk

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс