Утрински Весник
Македонија

Турканици во ЈСП, ги снема налепниците за заштита од Ковид – 19

Турканици во ЈСП, ги снема налепниците за заштита од Ковид – 19

Автобусите на ЈСП утрово се преполни. Патниците не само што не седат преку едно столче туку едвај наоѓаат место и за стоење. Растојание нема и меѓу оние што седат и меѓу оние што стојат. Патниците се жалат дека ги снемало и налепниците со кои било обележано каде не може да се седне поставени за заштита од вирусот Ковид – 19.

„Автобусот се преполни и уште на првите неколку станици. Не само што не се држеше растојание туку снема и воздух внатре од метежот. Морав да се симнав две станици порано и да пешачам оти внатре не се дишеше. И вака не е само денес. Откако повторно дозволија учениците да се возат, се врати метежот во ЈСП“, се пожали патничка на линијата број 5 која сообраќа од Ново Лисиче до Карпош.

Од ЈСП се недостапни за објаснување за метежот и исчезнатите налепници.

Во април годинава ЈСП со налепници ги обележа седиштата на кои е забрането седење, а со налепници на подот обележа каде може безбедно да се стои. Беа најавени двојни контроли за почитување на мерките и од ЈСП и од полицијата.

Од први септември повторно е вратен бесплатниот превоз за средношколци. Одлуката за бесплатен превоз на возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела сè уште не важи.

Ограничувањата во јавниот превоз беа воведени како мерка за заштита од ширењето на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи