Утрински Весник
Економија

Туристичките водичи повторно ќе алармираат за ситуацијата во која се наоѓаат

Туристичките водичи повторно ќе алармираат за ситуацијата во која се наоѓаат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Туристичките водичи и придружници кои поради ситуацијата со КОВИД-19 неколку месеци не ја извршуваат својата дејност, а голем дел од нив не остваруваат и дополнителни приходи, денеска на прес-конференција ќе информираат за актуелната состојба во која се наоѓаат.

Водичите ќе укажат и на важноста од изготвување протоколи за работа.

На прес конференцијата ќе се обратат претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП), Димитар Кавраков и потпретседателот Елвир Садиковиќ.

Пред една недела, Асоцијацијата пристапи во Сојузот на стопански комори (ССК) и јавно побара помош од државата за надминување на корона кризата. Туристичките водичи се пожалија дека трпат големи загуби поради откажаните аранжмани. Предлозите за нивно вклучување во економските мерки се официјално доставени до надлежните институции. мч/ац/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците