Утрински Весник
Македонија

Туристите ќе може да го гледаат водниот свет на Охридско Езеро

Туристите ќе може да го гледаат водниот свет на Охридско Езеро

За новата туристичка сезона, пловило со стаклено дно во водите на Охридското Езеро ќе привлекува туристи со можноста да се гледа подводниот свет, како во суперпопуларните туристички места.

Во Охрид од Кавадарци пристигна пловило со провидно дно со капацитет од 12 лица , кое на метар и половина под нивото на езерото, ќе им го нуди на туристите на уживање подводниот свет од езерото.

Извршен е технички преглед на пловилото и истото е беспрекорно безбедно за пловидба, изјави Горан Устијаноски, капетанот на Капетанија на Пристаништа на РСМ.

Пловилото ќе остане во каналот „Билјанини извори“ сè до регистрацијата и отпочнувањето со пловидба.

Пловилото е произведено во Хрватска, а е домашна инвестоција вредна 130.000 евра.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата