Утрински Весник
Магазин

Туристите се враќаат во Италија

Туристите се враќаат во Италија
Dik 300x250 mk

Венеција, 15 јуни 2020 (/) – По четиримесечната вонредна состојба поради епидемијата, голем број туристи се вратија во Италија, поточно во Венеција, по повод повторното отворање на Палацо Дукале, што се случи во саботата.

На настанот присуствуваа околу стотина посетители, домашни и странски, стоејќи во линија пред пултовите на палатата Доџо на 300 квадратни метри на Плоштадот „Свети Марко“. Илјада билети беа резервирани преку Интернет за целиот овој ден.

– Ова се силни емоции, ние сме исто толку возбудени, небаре како за прв ден на училиште. Имаше и луѓе кои утрово чекаа во редот од 8 часот и навистина сме возбудени, рече Марија Кристина Грибауди, претседателка на Фондацијата за градските музеи во Венеција.

Во палатата од 14. век, задолжително е да се носи маска и на секое место се поставуваат предупредувања за задолжителното запазување физичко растојание. Исто така, сите сали се под надзор, со цел спречување на евентуално групирање на луѓето.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмалите деца најмногу шират вируси

Слатко од тиква – 24info.mk

Јубилеен концерт на „Ареа“ во сабота во СП „Јане Сандански“ – 25 години од „Врати на имагинација“