Утрински Весник
Македонија

Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најдоцна до утре на ЕНЕР ќе биде ставена драфт верзијата на новиот Кривичен законик со кој во целост се ревидира казнената политика.

dobivaj vesti na viber

Во изготвувањето на законскиот текст учествуваа претставници од академската заедница,од судството, јавното обвинителство, Министерството за правда, невладини организации, МВР и други засегнати страни.

Во периодот кој следи, секој ќе има можност да се запознае со законските одредби, ќе се организираат јавни расправи, дебати, по што дел од забелешките ќе бидат инкорпорирани во конечното законско решение.

„Одлучивме, концепциски тоа да биде на линија или согласно стратегијата за реформа на правосудниот сектор, да не се оди сегментарно во измените на Кривичниот законик, туку напротив , да се донесе комплетно ново законско решение кое ќе ги опфати сите сегменти на општественото живеење” – рече на прес-конференција министерот за правда Никола Тупанчески.

Со новиот Кривичен законик ќе се остави можност за индивидуализација на казните од областа на залоупотреба на службената положба,особено во делот на јавните набавки, конфискација на имот, еколошкиот криминал и други кривични дела.

Можете да прочитате

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија – Семејството бара помош

Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“