Утрински Весник
Македонија

Тунел за дезинфекција на луѓе пред градскиот пазар во Кавадарци

Тунел за дезинфекција на луѓе пред градскиот пазар во Кавадарци
Dik 300x250 mk

Кавадарци, 29 април 2020 (МИА) – Тунел за дезинфекција на луѓе од денеска е поставен пред градскиот пазар во Кавадарци, како една од многубројните превентивни мерки против коронавирус кои ги презема кавадаречката локална ссмоуправа.

– Се приклучуваме кон светските практики за борба со вирусот. Пазарот е најфреквентното место во градот. Тунелот испушта водена прашина во која има еколошки био раствор кој ги неутрализира бактериите и вирусите. Идејата е да се постигне максимална заштита на луѓето кои влегуваат и излегуваат од градскиот пазаришен простор. Тунелот го добивме како резултат на иницијатива и донација од општествено одговорни субјекти, нагласија од локалната самоуправа.

Електронскиот дел на тунелот е изработен и дониран  од професорот иноватор Димитрија Ангелков.  Донирале и дизајн студио „Нова-М”, „Грин хаус”, автосервис „Автомито”. свд/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Европска комисија: Нула напредок во судството и борбата со корупцијата

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин