Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Лиз Трус, за Би-Би-Си зборуваше за ситуацијата меѓу Русија и Украина.
Запрашана за ситуацијата во Киев, таа рече дека ситуацијата е многу тешка.
Изјави дека Велика Британија прави се што е во нејзина моќ за да донесе залихи во градот и да ги поддржи Украинците во одбраната на главниот град.
„Не можам да ја предвидам иднината, но она што го знаеме е дека плановите на Путин не одат според планот, тој не го постигнува напредокот на кој се надеваше и како резултат на тоа прибегнува кон сè поекстремни техники и оружје“, рече Трус.
Додаде дека навистина не може да одговори на прашањето дали Киев на крајот ќе падне, велејќи дека никој не предвидувал дека планираната инвазија ќе оди толку лошо за Русија како досега.
Таа вели дека Велика Британија ќе му ја даде сета поддршка што може на претседателот Володимир Зеленски, кого го опишува како навистина инспиративна личност, пишува медиумот.