Утрински Весник
Македонија

Тројца штипски здравствени работници позитивни на КОВИД-19

Тројца штипски здравствени работници позитивни на КОВИД-19

Штип, 11 април 2020 (МИА) – Во Штип се регистрирани нови шест случаи позитивни на КОВИД-19, од кои тројца се здравствени работници од штипската Клиничка болница, информираше кризниот штаб на Општина Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврди дека резултатите се позитивни за болничар, медицинска сестра и еден лекар специјалист, кој не е од Инфективното одделение.

Во Штип по случајот со 80 годишната жена, која во вторникот ја загуби битката со корона вирус, а беше примена со негативен тест и дијагноза бронхопневмонија позитивни на коронавирус се вкупно четворица здравствен работници. Негативни се тестовите за  пет медицински лица од Инфективното одделение, а за остантите шест се чекаат резултатите да пристигнат во текот на утрешниот ден. вдј/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Бараме политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата подметнува пожари, а Али, Артан, Чупеска и компанија, биле пиромани во служба на злото

Министерство за животна средина: Забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот во Трубарево