Утрински Весник
Македонија

Тројца ранети во пукање во Арачиново

Тројца ранети во пукање во Арачиново

Три лица со прострелни рани биле донесени во болница, по расправија поради долг.

Поради пукање полицијата ги привела М.А, М.С.(35) од с.Страчинци и Н.Џ.(27) од с.Арачиново, постапувајќи по пријава според која околу 02.00 часот, по претходна расправија, во с.Арачиново, скопско, М.А.(31) од с.Страчинци, скопско, испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) од с.Арачиново, скопско, поради долг што го имал Б.А. кон него.

Подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А..

Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите.

Во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов