Утрински Весник
Македонија

Тројца професори од УКИМ реагираат на постапката на избор на нов ректор

Техничките факултети при УКИМ ќе одбележат 60 години постоење

Скопје, 17 март 2020

Во време кога целиот свет се соочува со пандемија од КОРОНА вирусот, која според сите проценки на релевантни институции и поединци ја предизвикува најголемата глобална криза по Втората светска војна, сведоци сме дека  и во нашата држава се прават натчовечки напори да се ублажат последиците од неа. Ставајќи го како прв преоритет јавното здравје, ставени бевме во недоумица: дали во вакви услови треба да се информира пошироката јавност за настани од овој вид? За жал, одлучивме дека ќе мораме за момент да го насочиме фокусот на јавноста кон одредени случувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Мотивите за ова лежат во нашата должност и одговорност  и во ваква кризна состојба да ја информираме пошироката јавност за случувањата на најголемиот и најстариот јавен универзитет во нашата земја Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Имено, кога во нашата држава во услови на закажани парламентарни избори се размислува и се очекува овие да се одложат, на нашиот универзитет „забрзано“ се започнува постапката за избор на нов ректор.

Во таа насока, беше одржана т.н. електронска седница (по електронска пошта) на која покрај многуте дилеми кои се отворија околу легитимноста на самата постапка, сепак, без дебата и одговор на поставените прашања, седницата е, од страна на ректорот, затворена вчера на 16.03.20120 год., во 22:01 часот. Имено, седницата започна на 13.03.2020 год., во 18:12 часот со мејл испратен од страна на ректорот, и траеше цели три дена.

Од неколку члена на Ректорската управа залудно беше укажано дека во услови кога на универзитетот во ниеден акт (Статут, Деловникот за работа на Ректорска управа или било кој друг документ), не е предвиден ниту регулиран ваков начин на реализирање на  состаноци (е-маил состанок), и дека како модел не може да се примени во однос на  сите прашања (со исклучок на тековни прашања за кои може да се гласа недвосмислено и без расправа). Ова особено не е применливо за точки каде треба да се отвори расправа, а тоа секако е прашањето поврзано со распишување избори за ректор. Ова беше игнорирано од страна на ректорот и селективно се одговараше на одделни членови на Ректорската и на одделни прашања. На овој начин дебатата беше „убиена“, што во голема мерка, во старт, ја девалвира целата постапка за избор на ректор.

Во неможност да добиеме одговори на поставените прашања, а убедени дека постојат голем број недоследности и законски пречки кои во суштина може да го загрозат целиот процес на избор на ректор, го објавуваме ова соопштение за јавност, за да ја информираме академската заедница за нашите видувања околу случувањата во однос на ова прашање.

Истовремено со ова сакаме да ги информираме сите надлежни институции во нашата земја во рамките на своите надлежности да ги преземат сите мерки и активности во насока на отклонување на сите евентуални прекршувања на целата постапка.

Во таа насока прашањата и дилемите се следни:

1.     Дали започнатата постапка е во согласност со член 8-а став 1 алинеја 4 од  Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16 и 99/16), каде е пропишано дека „од  денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија  не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции“?

2.     Во услови кога спротивно на член 96 од Законот за високото образование, Универзитетот сеуште нема избрано Претседател на Сенатот,  а  со оглед на тоа што Ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски ја најави во медиумите својата кандидатура за втор мандат, се прават незаконски дејствијата на претседавање со Сенатот  во тек на постапка за избор на Ректор, од страна на кандидат за Ректор или од било кое друго лице?

3.     Дали толкувањето на член 171 од Статутот на универзитетот во кој е регулирано дека „Постапка за избор на ректор покренува Ректорската управа во втората половина
на месец април во тековната година, односно шест месеци пред истекот на мандатот“, може спротивно на член 361  од Статутот да даваат други органи лица. Имено, во член 361 од Статутот е регулирано дека „толкувања на одредбите на овој Статут дава Сенатот“. Во таа смисла проблематично е започнувањето на постапката на 16.03.2020 год., (еден месец порано), без соодветно толкување на Сенатот.

4.     Дали во услови на прогласена пандемија од страна на државата кога се одложуваат и утврдените Уставни рокови во однос на парламентарните избори, со неосновано инсистирање врз нејасни статутарни рокови, на УКИМ му се случуваат промптни, октроирани избори на Ректор по секоја цена, дури и ако таа цена да е здравјето.

  1. Дали е потпишана противправна виртуелна одлука и невистинит записник во кој стои дека имало присутни, одржана и завршена расправа и изгласано иницирање на нелегална постапка за избор на Ректор?

Со надеж дека ова наше Соопштение за јавност и во вакви кризни услови ќе предизвика јавен интерес и грижа кај академската заедница и надлежните државни органи за состојбите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а се со цел за обезбедување легални, транспарентни и демократски избори за ректор на наголемиот, најстариот и најдобриот универзитет во нашата држава.

проф. д-р Вујица Живковиќ

проф. д-р Владимир Петрушевски 

проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Драстично опаѓање на бројот на ученици во Македонија во последната деценија

Пожарот над Катланово се шири: Во прекин е електричната енергија

Ова се десетте најплатени холивудски актери во 2023 година