Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени при судир на возило и мопед во Скопје

Кумановец со мотор удрил во полицаец и го повредил

Вчера во 16.10 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и сервисна улица која води кон објект на град Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(46) од Скопје и мопед „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Џ.(27) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот Б.М.(30) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и сопатничка од возилото Ц.С.(43) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во Преспа отворена изложбата „По материјата“ – уникатен уметнички проект што ги поврзува Грција, Албанија и Северна Македонија

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија