Утрински Весник
Македонија

Тројца основци наградени за најдобар концепт за видео игра за животната средина

Тројца основци наградени за најдобар концепт за видео игра за животната средина

Осмооделенецот Матеј Цветковски од Радовиш е добитник на прва награда за изработка на концепт за видео игра на тема „Зачувување на животната средина“ во рамки на проектот „Видео игротека“ во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ Скопје. Неговиот концепт за игра насловена Valley of Sprouts беше избран за најдобар од повеќе пријавени на повикот што беше распишан кон крајот на септември и траеше до 18 октомври.

Тричленото жири составено од Гораст Цветковски, Саша Станишиќ и Петар Котевски, одлучи да додели и втора награда – гејмпад на шестоодделенецот Матеј Цветковски и осмоодделенецот Максим Ѓоргиев за нивниот заеднички концепт за играта Haunted House.

Победничките проекти беа промовирани во последната епизода на познатиот подкаст за видео игри GG (gg.mk ).
Според пропозициите на повикот, право на учество имаа тимови и индивидуалци до 18-годишна возраст. Натпреварувачите требаше да смислат концепт за игра, да приложат минимум 5 слики и нацрти (цртежи, фотографии, дигитални дизајни и слично) за играта и кус опис од неколку реченици.

Цел на проектот е да се промовира етички однос кон природата и ќе го потенцира овој проблем како многу битен и клучен за развој нa здраво општество и земја. Видео игрите кои се дел од активностите од проектот треба да послужат како алатки за подигање на општествената свест кај младите. Идејата е и младите да се запознааат со креативните можности кои ги нуди еден од најбрзо растечките нови медиуми, а тоа се видео игрите.

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ – Скопје, како единствена организација од овој вид во државата (која вклучува различни асоцијации од областа на креативните индустрии) посветена на унапредување и развој на сите сегменти на креативните индустрии. Проектот „Видео игротека“ е поддржан од Министерството за култура.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор