Утрински Весник
Свет

Тројца од 4 републиканци сметаат дека на САД им е подобро сега отколку во 2016

Тројца од 4 републиканци сметаат дека на САД им е подобро сега отколку во 2016

Повеќето од републиканците во САД имаат поубава слика за Америка сега отколку пред четири години поради нивната доверба во претседателот Доналд Трамп, покажува нова анкета, а пренесува „Њујорк пост“.

Тројца од четворица гласачи на Републиканската партија, кои одговориле на анкетата на „Си-би-си њуз“ на национално ниво, рекле дека на нацијата ѝ е подобро сега отколку во 2016 година.

На прашањето зошто веруваат дека на нацијата ѝ е подобро сега, 82 отсто ја навеле својата верба во Трамп, а 70 отсто ја посочиле состојбата на економијата како причина.

Седумдесет отсто рекле дека тоа е затоа што демократите веќе не се на власт, а 64 отсто ги навеле финансиите на своето семејство. Сè на сè, 35 отсто од регистрираните гласачи што биле анкетирани рекле дека на земјата ѝ е подобро сега отколку пред четири години.

Анкетата била спроведена помеѓу 19 и 21 август на примерок од 2.226 регистрирани гласачи во целата земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп очекувала иранска одмазда, велат од Белата куќа

САД тврдат дека нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар

(Видео) САД го потврдија нападот на бази во Ирак и Катар, сирени се слушаат и во Бахреин