Утрински Весник
Спорт

Тројца од Сити и петмина од Челси во трка за најдобри во ЛШ минатата сезона

Тројца од Сити и петмина од Челси во трка за најдобри во ЛШ минатата сезона

Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) денеска ги објави номинациите за најдобрите играчи по позиции во минатата сезона на Лигата на шампиони. Според очекувањата, доминираат играчите на два финалисти, Манчестер Сити и Челси.

За најдобар голман ноинирани се Едуард Менди (Челси), Едерсон (Сити) и Тибо Куртоа (Реал Мадрид).

Во конкуренција за најдобар одбранбен играч се Цезар Аспиликуета и Антонио Ридигер (Челси), како и Рубен Диаш (Сити).

За најдобар играч од средниот ред во конкуренција се Жоржињо и Нголо Канте (Челси), а конкурент им е Кевин де Брујне (Сити).

Во конкуренција за најдобар напаѓач нема ниту еден играч од „сините“ и граѓаните“. Тука се Роберт Левандовски (Баерн), Килијан Мбапе (ПСЖ) и Ерлинг Халанд (Борусија Д.)

Освојувачите на наградите ќе бидат познати при жрепката за новата сезона во ЛШ на 26 август во Истанбул.

> Тројца од Сити и петмина од Челси во трка за најдобри во ЛШ минатата сезона <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија