Кичево, 14 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид, каде што спаѓа и Кичево, е стабилна. Изминатово деноноќие од 19 часот на 13 април, до 7 часот на 14 април, три лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење.
-Лицата кои не ја почитувале забраната за движење се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди, објасни потпаролот Стефан Димоски.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Извршени се 410 контроли врз овие лица во самоизолација 24 од нив во Кичево.
Полициските службеници извршија 47 контроли на угостителски објекти.рз/бт/