Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Тркалезна маса во МАНУ за значењето на регулаторните институции за функционална пазарна економија 

Тркалезна маса во МАНУ за значењето на регулаторните институции за функционална пазарна економија 
Img 7972

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална
пазарна економија во Република Северна Македонија“.

Тркалезната маса ќе ја отвори академик Таки Фити, а воведно излагање ќе има професорката Даниела Мамучевска од Економскиот факултет при УКИМ.

Како што најавува МАНУ, ќе присуствуваат претставници од академската заедница, универзитетски професори на кои им е блиска оваа проблематика, претставници од регулаторните институции, претставници од Стопанските комори и други учесници. мч/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка

Се воведува ДДВ за сите пратки од Тему и Алиекспрес