Утрински Весник
Спорт

Три црвени картони и драматична победа на Гранада над Валенсија

Три црвени картони и драматична победа на Гранада над Валенсија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гранада се опорави од поразот од Реал Мадрид и ја продолжи одличната сезона, откако во драматичен меч со три црвени картони и поништен гол со 2:1 ја совлада Валенсија, турнувајќи ги „лилјаците“ во борба за опстанок.

Мечот започна со поништениот гол на Кенеди за Гранада во 15-тата минута, по што гостите дојдоа во водство преку Кевин Гамеиро во 36. минута, пред Кенеди да израмни во финишот на полувремето. Во второто полувреме за три минути Валенсија остана со девет играчи на теренот – прво Жасон доби втор жолт картон во 70-тата минута, за во 73. минута Гонсало Гуедеш да добие директен црвен картон.

И Гранада остана со играч помалку откако Дуарте во 76. минута доби црвен картон, за во 88. минута Хорхе Молина да донесе 2:1 победа на клубот од јужна Шпанија.

Гранада е на седмото место на табелата со 24 поени, еден зад Барселона на шестото место, додека Валенсија е 16-та со 15 поени, и само гол-разликата ги држи над зоната за испаѓање.

> Три црвени картони и драматична победа на Гранада над Валенсија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028