Утрински Весник
Магазин

Три хороскопски знаци никогаш нема да простат неверство

Секоја љубовна врска поминува низ предизвици, но проблемот настанува кога еден од партнерите бара бегство од проблемите или рутината во вонбрачна авантура. Партнерот кој бил изневерен мора потоа да одлучи дали е подготвен да продолжи понатаму или приказната е завршена за него. Луѓето родени под овие знаци никогаш нема да простат неверство.

dobivaj vesti na viber

Скорпија
Кога ќе дознаат дека се измамени, Скорпиите не се изненадени. Тие и онака секогаш го очекуваат најлошото од другите. Дури и кога се во врска со некого со години, никогаш не му веруваат целосно и црвот на љубомората е секогаш присутен. Тие се исклучително захтевни кон саканите, но во љубовта го даваат целото себе и истото го очекуваат за возврат. Токму затоа никогаш не простуваат неверство бидејќи го сметаат за чин на предавство.

Овен
Овните се страсни и интензивни партнери кои бараат многу, но и даваат многу. Иако не се олицетворение на верноста, од својот избраник очекуваат целосна посветеност. Ако дознаат дека ги изневерил, нема да можат да преболат. Гневот и бесот ќе ги обземат, ќе го опсипат партнерот со навреди или ќе фрлаат чинии по нив. Неверството го доживуваат како предавство и никогаш повеќе нема да можат целосно да му веруваат на партнерот.

Лав
Лавовото его е преголемо за да прости неверство. Дури и да го сакаат партнерот и да сакаат да бидат со него, нема да можат да го преболат фактот дека ги понижил и посрамотил. Не можат да ја поднесат мислата дека ги изневерил тој што го сакаат и со кого го делеле доброто и лошото, па таа приказна за нив ќе биде завршена. Лавовите никогаш не простуваат повредено его

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста