Тетово, 15 мај 2020 (МИА) – Тетовската полиција поднела три нови пријави поради непостапување според прописите во време на епидемија согласно член 206 од Кривичниот законик. Трите лица се затекнати во 24 часовниот период (14/15-мај) како не ја почитуваат одлуката за ограничено движење.
-Тројцата биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци. Воедно нови осум лица се писмено предупредени за не носење заштитни маски со што вкупната бројка изнесува 290 луѓе, соопштија од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
Полициските службеници евидентирале дека во овој период 17 нови лица се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а контролирале вкупно 168 лица.
Решенија за самоизолација потпишале 19 нови лица, а е извршена контрола над 25 лица (ТЕ-25) кои се во самоизолација. ас/ир