Утрински Весник
Македонија

Три нови случаи со коронавирус, вкупно во државава се 70, една пациентка во критична состојба

Прес-конференција на министерот Филипче за состојбата со коронавирусот (во живо)

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Вкупно тестирани на коронавирусот денеска се 43 лица, од кои три се позитивни, што значи вкупниот број заболени во државава е 70. Бројот на пациенти ќе расте. Сите пациенти се со стабилна клиничка слика, лесна до средна. Пациентката која е на механичка вентилација на Клиниката за инфективни болести е во критична фаза, истакна на прес-конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека од тројцата потврдени случаи денеска, една пациентка патувала во Србија, втора пациентка е бабата на четиригодишното дете заболено од коронавирус, и уште еден пациент од Скопје.

– Заболени од коронавирус има во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид, додаде Филипче. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Граѓани чистеле црква во гостиварско Галате, по пријава од Општина Врапчиште дошла полиција

24 годишник од Македонија уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија

Немил настан утрово во Кавадарци: Ќерка ја нападнала мајка си со тврд предмет