Утрински Весник
Македонија

Три нови случаи со Ковид-19 во Велес

Кривична пријава за скопјанец кој ја прекршил самоизолацијата и заболен со коронавирусот се шетал низ Охрид

Велес, 19 април 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа на територијата на Велес  се регистрирани три нови случаи на Ковид-19, со што бројката на заболени се искачи на 58.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес информираат дека се работи за две лица поврзани со веќе постоечки кластер членови на семејство на лице вработено во трговска дејност и едно лице вработено во Центарот за јавно здравје – Велес.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 58 лица, од кои четири излечени, три смртни случаи и 51 активни, посочуваат од Центар за јавно здравје – Велес.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Гоце Контевски, доајенот на македонското новинарство

Штипскиот ЗОО парк „Бриони“ со нови жители: Лемури, волк и виетнамски прасиња пристигнуваат пред Велигден

Министерството за здравство со нов модел за ретки болести: Заштеди од илјадници евра и стабилна терапија