Утрински Весник
Македонија

Три нови случаи на непочитување на полицискиот час

Три нови случаи на непочитување на полицискиот час

Тетово, 16 април 2020 (МИА) – Три лица во тетовскиот регион во периодот од 7 часот вчера до истото време денескска не ја почитувале и ја прекршиле одлуката за ограничено движење. Тројцата се лишени од слобода и па се задржани во полициската станица во Тетово.

-На сите ќе им се изготват поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. При контролирање  на 147 лица кои имаат решенија за самоизолација, нема непочитувања, се вели во денешното соопштение на портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полициските службеници на СВР Тетово извршиле контроли и на 153 луѓе со решенија за изолација издадени од Државен здравствен и санитарен инспекторат. ас/ир

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Support Kocani: Денес e донирана и втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

СДСМ: Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

Додека пожари пустошат – деца се ладат во загадениот Вардар кај Керамидница