Гостивар, 3 јуни 2020 (МИА) – Последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се три нови случаи. Новоокриените се во семејство од селото Чегране каде завчера беа потврдени позитивни резултати на Ковид-19.
Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, денеска едно лице е прогласено за излекувано и вкупната бројка на активни случаи до денеска е 11 (седум во Гостивар и четири во Врапчиште). Петмина се лекуваат во болнички услови, а шест се дома и без симптоми. Епидемилозите издале решенија и препорачале самоизолација на дваесетина лица. Тоа се главно лица кои имале контакти со брачниот пар од селото Чегране.
Во меѓувреме се прават анкети и тестирања, а спроведена е и дезифекција на објектот на ЈП Комуалец, според епидемиолошките протоколи.
Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 398 тестирања, а кај триесет случаи имаше позитивни резултати. Од последици на ковид19 во гостиварско починаа три лица.згм/см/