Утрински Весник
Македонија

Три населби во Делчево добија пристапни улици

Три населби во Делчево добија пристапни улици

Делчево, 14 април 2020 (МИА) – Три населби во Делчево добија пристапни улици. Градежните работи ги изведуваа екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница” со што, како што истакнаа од општината се решава стар проблем за жителите од Први и Трети реон и населбата Расадник.
– Жителите на овие населби со децении газеа кал и се дишеше прашина. Од таа причина нужна беше изградбата на пристапни улици. Се работи за улици со тешка конфигурација на теренот и ширината на улиците, па затоа истите се поплочени со бехатон плочки со вкупна површина од 300 метри квадратни, информираа од општината.
Со реализација на овие активности опфатени се жителите на улицата „Видео Смилевски-Бато“ и улицата „Плачковица“.
– Пристапната улица во населбата Први реон ќе продолжи со поставување пропуст на ендекот и изградба на скали со што ќе се поврзат Први и Втори реон и ќе се олесни движењето на луѓето кои гравитираат на овој терен, посочија од општината.
Пристапните улици се изградени со средства обезбедени од Буџетот на Општина Делчево. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Херојска акција во Стенковец: Д-р Виктор Груев и тимот на ЈП Лајка спасија над 30 кучиња од пожар

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Три пожари активни во Светиниколско