Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Три музички изведби во рамки на „Култура во време на корона“

Три музички изведби во рамки на „Култура во време на корона“
Img 7972

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – Програмата „Култура во време на корона“ за скопјани денеска ќе понуди два концерта, диџеј настап и панел дискусија.

Како што информираат од Град Скопје, во 19 часот на платото пред Универзална сала концерт ќе одржи групата „Antiart“, а во 20:30 часто на истата локација концерт ќе одржи групата „Bandoff“. Во 22 часот во Универзална сала настап ќе има DJ B!ZAARE, a во 17 часот во Универзална сала ќе се одржи панел дискусијата „Светлосна уметност во карантин.“

Концертите ќе бидат стримувани на:  фејсбук страницата на Град Скопје, https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на – Youtube каналот на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw.

Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април 2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои  ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Со овој повик, како што стои во соопштението, се поддржуваат маалски изведби во времетраење до два часа и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до два часа.  Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари, а повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ