Утрински Весник
Македонија

Три метални топчиња извадени од надлактицата на старицата од Манастирец во која пукаше внукот

Поведена истрага за силување против косовски државјанин
Dik 300x250 mk

Кавадарци, 9 јуни 2020 (МИА) – Три метални топчиња биле извадени од надлактицата на 81 – годишната жена од Манастирец во која синоќа испукал од воздушен пиштол неколку дијаболи 33 – годишниот внук, по кратка семејна расправија. Операцијата поминала добро, потврди за МИА Благој Митев, хирург од хируршкото одделение при Општа болница со проширена дејност Кавадарци.

-Трите метални кугли беа на различни локации во пределот на десната надлактица. Пациентката е во стабилна и добра состојба, ќе остане на одделението за хирургија заради следење на нејзината состојба, рече докторот.

Металните кугли биле дадени на вештачење.

Претходно, портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информираше дека 33 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи синоќа околу 22 часот со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон 81 годишната жителка на росоманското село Манастирец, нанесувајќи и повреди. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца