Утрински Весник
Македонија

Три лица во Тетовско го прекршиле полицискиот час

Три лица во Тетовско го прекршиле полицискиот час

Тетово, 6 април 2020 (МИА) – Три лица ја прекршиле одлуката за ограничено движење во тетовскиот регион за 24 часа од 7:00 часот на 5 април до 7:00 часот денеска, информира од СВР Тетово.

Од 21 март кога е воведен полицискиот час вкупно 95 лица се евидентирани за непочитување на ограничетото движење.

– Tројцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случаите, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата бележи дека има 10 лица со потпишани изјави за самоизолација, како и 122 луѓе со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЦЕНСКИ ОМАЖ ЗА ТОМАЖ ПАНДУР: „БЕЗГРЕШНА“ НА СНГ МАРИБОР ВЕЧЕРВА ВО МНТ

Јанкулоска: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува вечна

Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува