Утрински Весник
Свет

Три експлозии во еден ден во Авганистан

Три експлозии во еден ден во Авганистан

Најмалку три експлозии се случија денеска во Авганистан, при што загинаа десетици луѓе.

Експлозија денеска се случи во градот Кундуз на северот на Авганистан, 11 лица загинаа, соопшти официјалниот претставник Најбулах Сахел од провинцискиот здравствен институт.

Сахел рече дека болниците примиле жртви од експлозијата и дека бројот може да се зголеми, без да ја прецизира локацијата или причината за експлозијата, пренесува Ројтерс.

Во Авганистан претходно денеска се случија уште две експлозии.

Најмалку 30 верници загинаа, а 80 се повредени во експлозија за време на молитва во џамија во градот Мазар-и-Шариф, изјави началникот на болницата Гавсудин Анвари.

Во главниот град Кабул рано денеска експлодираше бомба покрај пат.

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк