Утрински Весник
Македонија

„Три Дена Култура од Дома”

„Три Дена Култура од Дома”

Скопје, 21 април 2020 (МИА) –  Со проекција на кратки аматерски средношколски филмови и интервју со Атанас Георгиев, продуцент и монтажер на „Медена земја”, денеска на социјалните мрежи почнува фестивалот „Три Дена Култура од Дома”.

Зад фестивалот стои „Art House Karev” – организацијата на ученици од СУГС гимназија „Никола Карев” која oваа година првпат, поради ситуацијата со коронавирусот, ќе го реалзира средношколскиот фестивал „Три Дена Култура” на инстаграм страницата @art_house_karev и фејсбук страницата Art house Karev (линк од страницата: https://www.facebook.com/arthousekarev/).

Вториот ден од фестивалот е посветен на физичкиот театар. Најавено е интервју со Валентино Апостоловски кој е добитник на наградата „Златна пеперутка” за најдобар кореограф на меѓународниот натпревар „Танцлаб” и Ивана Балабанова, основач на Битрикс. Ќе има и проекција на нивни преформанси.

За третиот ден е планирана музичка програма на бендови и солисти, а  ќе има и лајв онлјан концерт од поранешен средношколски бенд. Специјални гости се Last Expedition.

Сите три дена ќе се постираат фотографии и цртежи од средношколски уметници. Сите активности се во согласност со насоките од владата и СЗО.

„Три Дена Култура“ се одржува трета година. мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош