Утрински Весник
Свет

Три балтички земји бараат прераспределба на вакцините против коронавирус

Три балтички земји бараат прераспределба на вакцините против коронавирус

Литванија, Летонија и Естонија побараа од Европската комисија да го заснова системот за дистрибуција на вакцините против коронавирус врз потребите на земјите членки, земајќи ја предвид достапноста на вакцините, стапките на инфекција и смртност и преваленцијата на новите варијанти на вирусот.

Министрите за здравство на Литванија, Латвија и Естонија побараа од еврокомесарот за здравство, Стела Киријакидес, привремено да ги прераспредели пратките со вакцини, земајќи ги предвид исклучителните ситуации и реалната употреба на вакцината.

Балтичките држави бараат во новиот систем на дистрибуција на вакцините да бидат земени предвид критериумите како што се достапноста на вакцините, стапката на заразени и починати и раширеноста на новите варијанти на вирусот.

Новиот систем ќе овозможи да се забрза испораката на вакцини во земјите со најголема потреба и да се прераспределат вакцините кои не се искористени и на кои им истекува рокот на употреба.

Балтичките земји беа поштедени во првиот бран на пандемијата, но беа погодени со полна сила во последните неколку недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени