Утрински Весник
Спорт

Триумф над АИК ја носи Шкендија на чекор до групна фаза во КЛ

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот претставник Шкендија, вечерва (20 часот), на арената „Тодор Проески“ во Скопје го игра реванш-мечот од третата рунда во Конференциската лига на УЕФА против шведскиот АИК. Тетовци одиграа 1:1 на првиот дуел, а тренерот Артим Шаќири верува дека тимот може денеска да оствари триумф и да го трасира патот кон плејоф за групна фаза во ова натпреварување.

dobivaj vesti na viber

„АИК е квалитетен тим, но добро го анализиравме и веруваме дека можеме да победиме. Ќе ја имаме поддршката од фановите и сигурен сум дека фудбалерите ќе го извлечат максимумот од себе. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар, мора да има победник и тоа ќе наметне дополнителен притисок. Се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме“, изјави тренерот на Шкендија.

Стрелец на голот од првиот дуел, Ферхан Хасани, верува дека Шкендија е подобар тим.

„Покажавме дека можеме да се надигруваме со АИК и верувам дека сме подобар тим. Доколку одиграме на потребното ниво, се надевам дека ќе ја исполниме целта“, истакна Ферхан Хасани.

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја