Гостивар, 19 јуни 2020 (МИА) – Водоводните системи во селата Неготино Полошко, Добри Дол и Врапчиште наскоро ќе бидат комплетирани со филтер станици со што ќе се им овозможи на жителите во овие подшарпланински села да користат чиста и здрава вода за пиење.
Градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани и заменик министерката за финансии Ширет Елези по извршениот увид во работите најавија дека две нови филтер станици ќе профункционираат пред предвидениот рок.
Обезбедувањето на чиста вода за пиење на околу десет илјади жители во општината било приоритет на локалните власти.
– Ова е плод на извонредната соработка која ја имаваме со Министерството за финасии и со тоа решаваме еден повеќе годишен проблем. Инвестицијата надминува половина милион евра, а средствата се обезбедени преку проектот за подобрување на општинските услуги со заеми од Светска Банка. Овој заем е на долг рок и ќе се отплаќа во наредите 13 години, рече Исен Шабани градоначалник на Општина Врапчиште.
Работите на двете филтер станици на локалните водоводи во селота Неготино и Добри Дол започнаа во март годинава и според планот требаше да завршат за една година.
Покрај двете нови, наскоро треба да привршат работите и опремувањето на филтер станицата за водоводот во селото Врапчиште. Таму по подолг застој, работите се придвижија и се очекува низ чешмите во ова село конечно да протече здрава вода за пиење.
Заменик министерката за финсисии Ширет Елези потенцира дека успешната реализација на проектот за изградба на филтер станиците овозможила еден грант вреден 150 илјади евра. Парите ќе бидат искористени за изградба на локалниот пат што ги поврзува селата Сенокосе и Градец.
Елези напомена дека изминативе две години за Општина Врапчиште, државата издвоила околу еден ипол милиони евра.згм/см/