Скопје, 8 мај 2020
Денеска сум во посета на општина Росоман по барање на земјоделците се со цел да направам увид на оној проблем кој што ги мачи во моментов, а тоа е испораката водата по земјоделските површини во ова општина.
Од она што можам да го видам е дека цевководот на системот Макарија кој што го покрива на делот на општина Росоман речиси до Велес е нефункционален и дека практично каналот е празен. Ова е повеќе од алармантна ситуација затоа што ако знаеме дека сезоната за наводнување треба да почне на 15 април, денеска сме веќе 8 мај и тоа е речиси 30тина дена задоцнување со снабдување на земјоделците со вода за наводнување.
Ова моја посета и ова моја изјава ја користам како апел до директорот на АД „Водостопанство“ да даде приоритет на овој систем и на сите системи во Република Македонија затоа што ако ни се случи минатата 2019 година каде што со сигурност можам да кажам дека е една од најлошите години во водостопанството Република Македонија и ќе значи тотален колапс на земјоделците и во овој регион и во цела Република Македонија.
Овде сум затоа што во овој момент овошките кои што се наоѓаат на територија во општина Росоман се во фаза на формирање на својот плод и каде што водата за наводнување им е повеќе од потребна. Мислам дека приоритетите на АД „Водостопанство“ во делот на црпење на песокот, речните корита и правење профит на терет на природата треба да биде минато и треба да се фокусираат на работата за која што е формирано акционерското друштво.
Исто така и министерот кој што изминативе денови гледам дека повеќе време сака да поминува време на својот фејсбук профил и да шерува лажни вести отколку да се фати за сериозна работа, меѓутоа доброто е што пред на нас се престојните парламентарни избори каде што СДСМ и нивната гарнитура ќе бидат минато и ќе дојде правата гарнитура која што ќе се грижи во вистинска смисла за земјоделството во Република Македонија.
Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.