Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Состојбата со африканската свинска чума и понатаму е сериозна

„После партиските активности, шетањето и прославувањето на роденденот во Словенија, министерот за земјоделство Љупчо Николовски Путерот конечно се огласи и се пофали дека се одржал првиот, повторувам првиот состанок на координативното тело за мониторинг и спречување на ширење на болеста Африканска свинска чума, и констатира дека состојбата во моментот е стабилизирана, на кој притоа тој како министер не беше присутен“ напиша на Фејсбук меѓудругото Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој смета дека „ова е тотално потфрлање со целата ситуација, откако свињарскиот сектор беше загрозен, откако одгледувачите на свињи беа приморани сами да се снаоѓаат и да бараат решение за справување со болеста, Николовски без срам и перде, без малку чувство на одговорност констатира дека се е под контрола, заборавајќи дека во најголемото жариште, тој не беше тука, а ниту АХВ ниту тој не предложија никакви мерки за спречување на болеста“.

„Како состојбата е стабилизирана кога само пред два дена медиумите пренесуваа дека жителите на кочанските села масовно ги колат домашните свињи, бидејќи поради појавата на африканска свинска чума, се плашат дека свињите ќе им бидат земени, а тие ќе останат и без пари и без храна за претстојното зимо, што може да значи дека африканската свинска чума е распространета насекаде“ напиша Трипуновски.

Можете да прочитате

Четири активни пожари низ Македонија

Гужви на Богородица за влез во Грција

Денеска се празнуваат Светите апостоли Петар и Павле