Утрински Весник
Економија

Трипуновски предлага рокот за ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства да се продолжи за еден месец

Трипуновски предлага рокот за ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства да се продолжи за еден месец

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својот официјален фејсбук профил предлага рокот за ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства да се продолжи за еден месец.

– Паниката што се создаде кај граѓаните заради коронавирусот ги зафати и земјоделците кои се во ек на ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства со цел да може да го остварат правото на земање на субвенции. Денеска е регистрирана поголема фреквенција на земјоделци во неколку подрачни единици. Имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата со вирусот и желбата на земјоделците да завршат во предвидениот рок, а да се спречат несакани последици, предлагам рокот за ажурирање на податоци да се продолжи за еден месец, пишува Трипуновски на фејсбук. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зошто капиталните инвестиции не носат раст? Миноски посочува системски колапс

До 2027 треба да биде изграден гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски