Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Нивото на водата во Мавровското езеро е паднато за 22 метри

Зоран Заев и СДСМ направија пустош со акумулациите ширум Република Македонија. Ова зад нас е Мавровското езеро, но фактичката состојба повеќе наликува на бара, отколку на езеро, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Нивото на водата во последните неколку месеци е драстично опаднато, и во моментов Мавровското езеро се наоѓа на 22 метри под максималната кота и е на само 4 метри од минималната кота. Ова е вистинска катастрофа.

Пресушеното езеро е резултат на прекумерното и расипничко располагање со водата за производство на струја. Владата и раководството на АД ЕЛЕМ за да покаже дека нешто сработиле прекумерно произведуваше струја од хидроакумулациите и со тоа го доведе под знак прашање опстанокот на езерата во Република Македонија.

Ниту владата, ниту раководството на АД ЕЛЕМ не зема во обзир дека Мавровското езеро е езеро и за рекреативни цели и истото привлекува голем број на туристи, како во зимскиот, така и во летниот период. Ниту владата, ниту раководството на АД ЕЛЕМ не земаа ни во предвид дека со наглото празнење на хидроакумулациите се доведува под знак прашање и целиот биодиверзитет.

Трката за брз профит и желба да покажат наводен успех во производството на струја, сега резултира со пресушени езера, но и поскап увоз на електрична енергија.

Пред нас е зимски период, потрошувачката на струја ќе се зголеми, а со тоа и увозот, така да владата не само што не решила ниту еден проблем, туку создала два нови. Кога Зоран Заев е премиер епилогот е пустош“ порача Трипуновски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите