Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Да не се повтори 2019 година, една од најтешките за водоснабдувањето

Трипуновски: Да не се повтори 2019 година, една од најтешките за водоснабдувањето

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска од Тиквешкиот регион порача надлежните да не дозволат да се повтори 2019 година која, според него, била една од најтешките за водоснабдувањето.

Тој апелира и да се исплатат сите субвенции, како и сите дополнителни мерки за земјоделците.

– Целта на мојата денешна посета на пунктната станица Марена е да извршам увид за она што ми го потенцираат земјоделците, дека во овој регион има проблеми со водоснабдувањето. Од она што можев да го видам и во објектот е дека речиси ниту една пумпа не е во функција, а тоа значи дека не може да дистрибуира вода во дел од општина Кавадарци и дел од општина Неготино. Пред да дојдам на оваа локација бев и во општина Неготино каде исто така направив увид на еден дел од каналот наречен 59 каде што има проблеми во дистрибуцијата на вода, а тоа значи дека и во тој дел на оваа општина ќе има тешкотии со снабдување со вода за полевање на земјоделските површини, изјави Трипуновски.

Дополнителниот заменик-министер и вчера во Овчеполието, како што рече, констатирал проблеми со снабдување со вода.

– Не треба да се повтори 2019-та што беше квалификувана како една од најтешките години во однос на водоснабдувањето. Затоа и овие мои посети и целиот мој ангажман и мојата улога како дополнителен заменик министер ќе ја употребам за да ги анимирам и АД „Водостопанство“ и министертот Димковски и Владата да изнајдат средства за да се санираат овие штети во системот за наводнување речиси на цела територија зашто лицемерно е, од една страна да се кажува дека земјоделците треба да произведуваат и да ја прехранат земјава во овие тешки времиња на светска пандемија, а од друга, да не се инвестира ниту денар во санација и изградба на нови системи. Да се посвети внимание на овој сегмент зашто е многу битен. Водата е е еден од најважните ресурси потребни за земјоделското производство. Независно дали е тоа од тиквешкиот регион за лозарството, дали е за градинарството во струмичкиот, дали е за овчеполието за другите земјоделски култури неминовно е да се посвети сериозна грижа. Не ни требаа лажен популизам, не ни требаат лажни мерки кои се практично неспроведливи на терен и немаат никаков ефект. Потребна е реална и суштинска помош за земјоделците, истакна Трипуновски. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Стандард и Пурс”: Инфлацијата забавува, девизните резерви и натаму растат, а банкарскиот систем е стабилен

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ- 24info.mk