Скопје, 2 март 2020
Почитувани медиуми денеска сум во, се наоѓам во Македонска Каменица ова позади мене е акумулацијата Калиманци од она што можам да го видам на лице место дека имаме една алармантна ситуација односно акумулацијата има по некоја проценка околу 30 милиони метри кубни вода иако знаеме дека вкупниот капацитет е 120 милиони метри кубни . Она што мене дополнително ме загрижува е наредната 2020 година која што оваа брана треба да ги опслужува 8те општини во овој дел на Република Македонија, во делот на земјоделското производство се потребни околу 100 милиони метри кубни вода за наводнување а само за потсетување оваа акумулација ги опслужува земјоделците од 8-те општини Виница , Кочани, Зрновце, Чешиново – Облешево, Штип, Карабини, Свети Николе и Лозово и за годишните потреби за наводнување на земјоделските површини се околу 100 милиони метри кубни вода. Знаеме дека во овој дел на Република Македонија најголемо производство е оризопроизводството и со една ваква ситуација се доведува под знак прашалник новата 2020 реколта на производство на ориз и едноставно земјоделците ќе не можат да ја одгледаат оваа култура.
Инаку, оваа ситуација е резултат на несериозниот и недомаќински однос на акционерското друштво АД Водостопанство и нормално на целокупната влада на Зоран Заев затоа што минатата 2019 година имавме нерационално трошење на водата, знаеме дека минатата година негде есента десетици дека водата истекуваше од браната без да има некаква потреба тоа е сериозен губиток на вода и нормално она што значи несериозен однос е во делот на неинвестирање во системот за наводнување на левиот и десниот магистрален канал кој што ги опслужуваат земјоделците.
Сето тоа резултираше да денеска имаме една празна акумулација што ќе значи најава за еколошка катастрофа во 2020 година. Од оваа посета сакам да апелирам до владата и до сите надлежни институции веднаш и сега да се направи некое тело кое што ќе направи стратегија и ќе се превземаат некои интервентни мерки и чекори со цел да се надмине оваа состојба и да се најде некое решение затоа што како што спомнав 2020 ќе биде еколошка катастрофа во делот на земјоделското производство на овој дел на Република Македонија.
Ние како ВМРО ДПМНЕ будно ја следиме ова ситуација и за оваа катастрофа која што се случува некој после 12 Април ќе понесе одговорност.
Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
_________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки