Утрински Весник
Свет

Тринаесет затвореници убиени во бунт во затвор во Еквадор

Dik 300x250 mk

Во бунт во затвор во Еквадор загинаа најмалку 13 затвореници, а двајца се повредени, соопшти денеска управата задолжена за затворите, јавуваaт светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил во затворот Белависта во Санто Доминго, кој се наоѓа на 70 километри југозападно од еквадорската престолнина Кито, каде во мај оваа година во сличен инцидент загинаа 44 затвореници.

Министерот за внатрешни работи на Еквадор, Патрисио Кариљо, изјави дека полицијата работи на контрола на затворот и изрази жалење за страдањата на затворениците. Обвинителството соопшти дека покренало истрага за инцидентот.

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо, не се изјасни за трагичниот настан, но во минатото ги обвини судиите за ограничување на способноста на земјата да се бори против насилството со ограничување на 60-дневната вонредна состојба во затворскиот систем што беше прогласена на крајот од минатиот септември. Вонредната состојба имаше за цел да ја зајакне контролата со воена помош.

Според анализите на медиумите, судирите, се вообичаени во еквадорските затвори, каде што околу 400 затвореници загинаа од февруари 2021 година во услови на зголемено насилство меѓу бандите за шверц на дрога кои водат војна за моќ во и надвор од еквадорските затвори.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил