Утрински Весник
Спорт

Трилер на Босфорот – ЦСКА со голема победа над Фенер

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
Dik 300x250 mk

Во голема пресметка на старите ривали, ЦСКА Москва во Истанбул успеа да стигне до 78:77 победа по продолжение над Фенербахче и покрај тоа што допатуваа во Турција без двајца клучни кошаркари (Никола Милутинов и Јанис Стрелниекс).

Неизвесноста траеше во целиот меч, и Фенер во драматичната завршница имаше предност, пред на 15 секунди пред крајот Вил Клајбурн да постигне тројка за продолжение. ЦСКА направи 4 поени предност, пред домаќините да се вратат и во финишот да имаат 2 поени предност, за потоа на сцена повторно да стапи Клајбурн со влегување и поени и дополнително слободно фрлање за победа.

Клајбурн заврши со 16 поени, а Мајк Џејмс му пмогна со 14. Нандо де Коло со 21 поени беше најдобар кај турскиот клуб, а Џарел Еди имаше 18.

ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО

Макаби Тел Авив – Баерн Минхен 82:85 (15:15, 10:19, 30:26, 27:25)

Олимпијакос – Милано 86:75 (18:21, 18:21, 27:16, 23:17)

Фенербахче – ЦСКА Москва 77:78 (10:12, 21:20, 20:17, 18:20, 8:9)

Реал Мадрид – Химки 94:85 (25:25, 24:16, 21:16, 24:28)

> Трилер на Босфорот – ЦСКА со голема победа над Фенер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја