Утрински Весник
Македонија

Триесет и три лица не го почитувале полицискиот час, 25 се приведени

Триесет и три лица не го почитувале полицискиот час, 25 се приведени
Dik 300x250 mk

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистиката на МВР, во изминатото деноноќие на 112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници, соопшти денеска МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Лашкоска: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни