Утрински Весник
Македонија

Триесетгодишен маж е новиот случај на заразен од Ковид-19 во Струмица

Триесетгодишен маж е новиот случај на заразен од Ковид-19 во Струмица
Dik 300x250 mk

Струмица, 15 јуни 2020 (МИА) – Триесетгодишен струмичанец е новозаразениот од Ковид-19 во Струмица, соопшти директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

-По вчерашниот случај на жена на возраст од 49 години, кој се лекува на клиниките во Скопје, денес имаме уште еден докажано позитивен на коронавирусот. Преземени се сите мерки и од последните два инфицирани пациенти 12 лица се во изолација и се под здравствен надзор, информира директорот Витанов.

Покрај двајцата новозаразени од Струмица, уште еден случај е позитивен на Ковид-19, маж на возраст од 37 години од селото Банско, кој, исто така, се лекува на клиниките во Скопје.

Досега во Струмичкиот регион од последици од коронавирусот почина едно лице, а неколкумина беа инфицирани, но успешно се излекуваа. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Голема акција во Скопје: Претреси на 15 локации – уапсени лихвари и бизнисмени со 2 милиони евра црни пари

“Онкологија1”: Трите сведоци на денешното судење застанаа во одбрана на Васев – се откажаа од прогон

Кај синот пронајдена марихуана, кај таткото пиштол без документација – уапсени двајца тетовци