Утрински Весник
Свет

Тридневна жалост во Србија поради смртта на патријархот Иринеј

Тридневна жалост во Србија поради смртта на патријархот Иринеј

Поради смртта на патријархот на СПЦ, Иринеј во Србија ќе биде прогласена тридневна жалост, одлучи српската влада.

Поглаварот на Српската православна црква почина утрово во Воената болница од последици на коронавирус, на 91 година.

„ Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост во земјата, од денеска до недела, а по поводот смртта на Неговата Светост Патријархот Иринеј“ се наведува во соопштението на српската влада.

Од патријархот денеска се простуваат бројни домашни но и странски функционери. Исто така, во храмот Света Сава ѕвонат ѕвона, а верниците палат свеќи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранската војска ги отфрла „арогантната реторика“ и заканите на Трамп

МААЕ: Понатамошните напади на нуклеарката би можеле да имаат сериозни последици

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ