Утрински Весник
Македонија

Трибина на СДСМ за поддршка на земјоделското стопанство во Кавадарци

Трибина на СДСМ за поддршка на земјоделското стопанство во Кавадарци

Кавадарци, 11 февруари 2020 (МИА) – СДСМ вечерва одржа трибина за поддршка на земјоделското стопанство во Кавадарци со земјоделците од тиквешкиот регион.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски во изјава за медиумите информираше дека трибината е во врска со актуелниот нов јавен повик за мерката 113, но и за други теми од земјоделството.

Тој, нагласи, дека со измените на Законот за земјоделство и рурален развој како што било ветено финасиската поддршка била зголемена од 10.000 евра на 20.000 евра по корисник. Рокот за поднесување на барања е до десетти март.

Секој млад земјоделец, од 18 до 40 години, што ги исполнува пропишаните критериуми ќе добие неповратна финансиска поддршка.

-Затоа ги повикуваме сите млади земјоделци слободно да поднесуваат барања и да не потпаѓаат под никакви манипулации. Владата предводена од СДСМ докажа дека вистински се грижи за земјоделците и поголема вклученост на младите во овој сектор, рече министерот.

Димковски додаде дека со финансиската поддршка младите ќе можат да ја искористат за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност.

– Ова е една од мерките на која сме посебно горди со која директно ги стимулираме младите да се занимаваат со земјоделство и да придонесуват кон развојот на оваа стопанска гранка, рече тој.

Од 2017 до 2019 склучивме 526 договори за мерката за неповратна финансиска поддршка за млади земјоделци од над 3,5 милиони евра. Само за споредба ВМРО-ДПМНЕ од 2012 до 2016 склучи само 250 договори во вредност од 2,4 милиони евра, рече Димковски нагласувајќи дека младите луѓе покажаа ддека македонскиот аграр има на кого да се потпре. свд/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации