Утрински Весник
Македонија

Трибина на СДММ Агенда Млади 20-24: Вложуваме во младите, создаваме услови да останат тука 

Трибина на СДММ Агенда Млади 20-24: Вложуваме во младите, создаваме услови да останат тука 

22 февруари 2020 
Денес во Штип се одржа програмската трибина МЛАДИ 20-24 на тема „Студенти и средношколци“ во организација на СДММ. На трибината се обратија потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија Јон Фрчкоски, Трајче Стојчевски од Локалниот клуб на СДММ од Штип, Евгенија Донева претставник на средношколци и член на Локалниот младински совет и Ристе Мицевски, претставник на студенти.
Студентите се прогресивна движечка сила и носител на позитивните промени во општеството, токму затоа денес во Штип отворено и гласно разговараме за потребите и барањата на студентите и средношколците. Гласот на младите мора да биде слушнат,  со ваквите настани поттикнуваме критичко мислење и важно ни е да допреме до секој млад човек, секој има право да го искаже својот став и размислување по прашањата кои директно ги тангираат, истакна претседателот на Локалниот клуб на СДММ од Штип, Трајче Стојчевски.
Мерките кои Владата ги спроведе во последните две и пол години имаат за цел поткревање на студентскиот стандард и овозможување подобри услови за студентите и младите. За спроведените работи и она што е планирано да се започне во следниот период зборуваше Потпретседателот на СДММ Јон Фрчкоски.
Најнапред, во однос на високото  образование, би го потенцирал донесувањето на новиот Закон за високо образование, кој значеше сериозен придонес и постави подлога на новото студентско организирање, преку кој беа опфатени сите проблеми во високото образование што до тогаш беа адресирани – потенцираше потпретседателот на СДММ.
Тој ги опфати најважните мерки кои се однесуваат на студенти и средношколци. 10,2 милиони денари се доделени на  32 основни и 22 средни училишта преку проектот Млади истражувачи на ФИТР.  Со мерката Субвенциониран студентски оброк, се обезбедуваат 2400 денари за секој студент на државни и приватни универзитети каде директно студентите ќе добиваат средства преку мобилна апликација или картичка, со што ќе се овозможи здрав оброк за секој студент.
Се реконструираше студентскиот дом Гоце Делчев, и целосно се обновени блоковите В и Г, кои ги  задоволувааат сите стандарди за нормално функционирање на студентите.  Тука не застануваме важно е да се продолжи со уште поголем интензитет и затоа особено ме радува информацијата што е склучен договор за реконстурирање на уште 7 студентски домови , со обезбедени средства во вкупна сума од 20 милиони евра и грант од 4,7 милиони евра. Со ова директно  влијаеме на зголемување на студентскиот стандард.
Ми претставува особена чест да бидам дел од оваа трибина како средношколец ,соработник на Советот на млади да можам да ги споделам бенефитите и промените кои настапија за нас младите во изминатиот период – истакна Евгенија Донева претставник на средношколците во Советот на млади. Таа додаде дека  отвореноста и транспаретноста на Советот на млади и  отворило нови можости да биде дел од ова тело и да учествува директно во креирањето на локалната младинска политика.
Горда сум што живеам во период кога после долга стагнација младите се повторно на пиедесталот во општеството бидејќи младите се и стожерот на оваа општество. Промената е еден мозак , и секој треба да знае дека сме дел од тој мозак – дополни таа и го потенцираше значењето што повеќе средношколци да бидат активно вклучени во процесите на носење одлуки.
За новите механизми во студентското организирање, начинот на избор и застапување зборуваше Ристе Мицевски, претставник на студентите.
Ова се првите избори кои беа спроведени според новиот Закон за високо образование, студентите сами ги избраа своите претставници на фер, демократски и транспарентни избори, постои независност во студентското организирање – истакна Ристе Мицевски и ги повика студентите да бидат гласни во своите барања, автономни и критички настроени.
Трибината во Штип е дел од процесот на широки консултации со млади луѓе и  креирање решенија и мерки за млади,  што го започна СДММ, кои ќе станат дел од официјалната програма на новата Влада, за периодот 2020 – 2024 година.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер