Утрински Весник
Македонија

Трибина за дигитализацијата на јавните услуги во Велес

Трибина за „Дигитализација на јавните услуги“ во Куманово

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Во Општина Велес денеска ќе се одржи шестата од серијата јавни трибини за дигитализацијата на јавните услуги во земјава.

На трибината, како што информираат од МИОА, ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација.

– Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес, соопштуваат од МИОА.

Најавени се обраќања на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. фф/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина