Утрински Весник
Спорт

Триатлон првенство на 20 септември во Дојран

Триатлон првенство на 20 септември во Дојран

Националното првенство во триатлон во Дојран ќе се одржи на 20 септември, недела.

Натпреварувањето кое ќе се бодува за шампионат на Македонија во триатлон е во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија и на Општина Дојран. Помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимписки комитет на Северна Македонија.

На настанот ќе има над 80 учесници во 12 категории.

Организаторите ги повикуваат сите учесници на настанот, без исклучок, да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

„Носењето маска, пред и по трката, е задолжително. Избегнувајте групирање, одржувајте физичка дистанца и редовно дезинфицирајте ги рацете на пунктовите кои ќе бидат поставени за таа цел“, апелираат организаторите.

> Триатлон првенство на 20 септември во Дојран <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал