Утрински Весник
Спорт

Треј Томпкинс, кошаркар на Реал Мадрид заразен со новиот коронавирус

Треј Томпкинс, кошаркар на Реал Мадрид заразен со новиот коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 12 март 2020 (МИА) – Треј Томпкинс (29) е заразениот кошаркар на Реал Мадрид со Ковид-19. Шпанските медиуми во текот на денот ја објавија веста за присуство на коронавирус во кошаркарската секција на „кралевите“, а сега е откриено и за кого станува збор.

Томпкинс е член на Реал Мадрид од 2015 година и од тогаш со „кралскиот клуб“ ги освојуваше титулите во Евролигата и во шампионатот на Шпанија. Игра на позицијата крилен центар, а кариерата ја започна во Лос Анџелес Клиперс, кој го избра како 37 пик на драфтот во НБА лигата во 2011 година. сѓд/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место

Лазаров означи старт на подготовките за ЕП: Спортски е да се надеваме на успех