Утрински Весник
Спорт

Трет заразен со КОВИД-19 во НБА

Трет заразен со КОВИД-19 во НБА

Детроит, 15 март 2020 (МИА) – Центарот за Детроит Пистонс Кристијан Вуд е тестиран позитивен за коронавирус, се вели во извештаите на американските медиуми. Тој е третиот познат НБА играч до денес со КОВИД-19 по Руди Гобер и Донован Мичел од Јута џез. Детроит потврди дека имаат играч со позитивен тест, но не го открија неговото име.

– Ги добивме тестовите денес (сабота) и тие се позитивни. Здравјето на нашите играчи, нашите членови, апсолутно сите во лигата и на оние кои се погодени од вирусот е од најголема важност за нас. Ние ќе ја продолжиме соработката со медицинската заедница. Тимот и самите здравствени власти се во изолација и ќе останат под внимателно набудување во наредните денови, соопштија од Детроит.

„Атлетик“ известува дека Вуд ги почуствувал симптомите на коронавирус во четвртокот и веднаш бил тестиран. Неговиот агент, Адам Пенсак, изјави за „Детроит њуз“ дека „тој е 100 проценти добро“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација!